Денеска и утре со слаб снег во Пелагонија

0
359

Облачно и студено со врнежи од дожд, на планините и повисоките
места од снег. Од пладневните часови на повеќе места врнежите ќе поминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има на северот и истокот, каде локално може да наврнат и над 10 см снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде пониска од утринската и ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Утре ќе биде студено и ветровито, претпладне на истокот се уште ќе има услови за
повремен слаб снег. Во среда наутро ќе многу студено, а преку денот ќе биде претежно сончево и без врнежи. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини над 2000м.н.в ќе има и врнежи од снег. Во четврток ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.