Денеска ќе биде потопло, но со локален дожд

0
164

Рано утрово е сончево низ земјава, а температурата во 5 часот според мерењата на УХМР имаше вредност околу 15°С низ котлините.

Сепак, релативно бргу се очекува наоблачување во северозападниот регион. Но, дури попладне во овој крај оваа облачност ќе се развие доволно за да резултира со локален дожд, проследен со ретка појава на грмежи. Овие врнежи ќе бидат позастапени во планинскиот дел од споменатиот регион. Остнатите делови од земјава ќе имаат релативно сончево време, со тенденција на мало наоблачување попладне.

Денешниот ден ќе биде потопол од вчерашниот. Највисоката вредност на температурата ќе има вредност од 32°С до 35°С во повардарскиот регион и околу 29°С во југозападниот крај.