Денеска ќе се знае дали ќе има импичмент за Иванов

0
360

Денеска е последниот рок во кој Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, треба да поднесе извештај за работата и да каже дали предлогот за импичмент на Иванов е основан.

На последната седница пратениците од СДСМ побараа претседателот на комисијата, Зоран Илиоски, да го повика Иванов на седница за да одговори на прашањето дали одлуката ја донел под притисок и да расправаат за мотивите поради кои ја донел одлуката за 107 аболиции за 56 лица.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека немаат мандат да расправаат за мотивите, туку за тоа дали Иванов ги прекршил Уставот и законите.