Денеска Курц во Скопје, главна тема бегалците

0
432

Себастијан Курц, сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Австрискиот министер ќе има средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Според МНР, главна тема на разговорите меѓу Попоски и Курц ќе биде мигрантско-бегалската криза, а ќе се разговара и за македонско-австриските односи и регионалната соработка.

Без коментари

LEAVE A REPLY