Денеска мало освежување, од утре пак летни жештини

0
163

Утринските температури и временски услови покажуваат дека денеска времето ќе биде посвежо, умерено облачно со пониски дневни температури за 4 до 5 степени.

Земјава денеска ќе биде под влијание на северно воздушно струење кое го носи ова краткотрајно заладување. Во југозападните делови од земјава денеска се очекуваат и слаби локални врнежи од дожд.
Веќе од утре ни се враќаат летните горештини.