Денеска најтопол ден во јули, во Битола до 38

0
344

Во охридско-преспанскиот регион, јужниот вардарски и малешевскиот регион Управата за хидрометеоролошки работи денеска прогласи портокалова предупредувачка фаза поради високите дневни температури. Во останатите делови на земјата, според УХМР, останува жолтата предупредувачка фаза. Од утре ќе имаме опаѓање на дневните температури.

Денеска дневните теператури во Скопје ќе достигнат до 40 степени, во Тетово 39, Гостивар 36, Маврово 32, Дебар 38, Куманово, Велес и Штип 40, Крива Паланка и Виница 37, Берово 35, Струмица 40, Радовиш 39, Дојран и Гевгелија 42, Демир Капија и Кавадрци 41, Охрид 36, Битола 38, Прилеп 37, Крушево 33…

 Утре дневните температури ќе опаднат до 38 степени, ќе падне и вредноста на УВ индексот на 8, а во текот на попладневниите часови  ќе има услови за нестабилност и врнежи на планинските места. Температурите ќе продолжат да опаѓаат до вторник кога максикмалната дневна температура ќе биде 37 степени.
www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY