Денеска нема средба на работната група, неизвесно како ќе продолжат преговорите

0
372

Преговорите за медиумите во ќорсокак.  Денеска  нема да се одржи заедничка средба на работната група, а неизвесно е дали ќе има билатерални средби на посредникот Ванхауте, откако вчерашниот состанок на кој требаше да се дискутира за предлозите на меѓународната заедница, беше прекинат.

Преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата, поради, како што образложија од канцеларијата на посредникот Ванхауте, незадоволството на владејачката партија од реакциите на нивните предлози.
Неизвесно е дали денеска ќе се одржат билатерални средби со посредникот, со цел надминување на несогласувањата.
По вчерашната неуспешна средба, Ванхауте изрази оптимизам и надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ке се премисли и ќе се врати на преговарачка маса.
Од владејачката партија не откриваат што планираат, единствено велат дека нема да дозволат СДСМ да се однесува фашистички кон медиумите и да не се почитуваат европските стандарди, додека СДСМ ова го протолкува како одолговлекување и непочитување на договореното од Пржино.