Денеска нов обид за судење за грабежот на Тутунска банка

0
450

По две одложувања, Кривичниот суд за денес го закажа стартот на судскиот процес за најголемиот грабеж во Македонија. Осуммината обвинети за украдените 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра од сефот од НЛБ Тутунска банка, треба да седнат на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Минатото рочиште на 21 септември беше одложено по барање на одбраната, а рочиштето пред него судот го одложи поради тоа што Истражниот затвор во Шутка немаше со што да ги донесе до суд тројцата обвинети кои се во притвор за овој предмет. Возилата со кои се спроведуваат обвинети лица, тој ден беа резервирани за спровод на притворени лица во постапката за „Диво Насеље“.

Основното јавно обвинителство Скопје во јули поднесе обвинение против осум лица за грабежот на НЛБ Тутунска банка.Против првообвинетиот е поднесено обвинение за кривичното дело затајување кое според обвинителството било сторено во низа, односно неколку пати и за кривичното дело тешка кражба. Освен главниот осомничен со обвинението се опфатени уште седум лица. Истрагата, велат од Обвинителството утврдила дека од банката недостасуваат вкупно 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра.

 

Без коментари