Денеска нова средба на работните групи за медиуми

0
443

Преговорите на работната група за реформи во медиумската сфера продолжуваат денеска попладне. На својот твитер профил, посредникот Ванхауте објави дека синоќешните разговори завршија без напредок.

До доцна во ноќта траеја разговорите за реформирање на медиумската сфера меѓу претставниците на четирите политички партии. Пред почетокот на разговорите Ванхауте изјави дека не е преголем оптимист и дека може да се најде решение за прашањето за медиумите доколку се знаат позициите на засегнатите страни.
На преговорите присуствуваа и амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав со оглед на тоа што рокот за договор за медиумите истекува в петок.

Без коментари

LEAVE A REPLY