Денеска ново задолжување од 60 милиони евра

0
243

Државата од домашните банки, осигурителни друштва, денеска ќе побара заем од приближно 60 милиони евра, објавено е на веб-страницата на Министерството за финансии. Станува збор за аукција на 12-месечни државни записи со и без девизна клаузула, и една 15 годишна државна обврзница. Утре по основ на доспеани обврски, државата треба даја врати истата сума пари.

Ова е второ задолжување за раздолжување за месец септември. Новата власт ги скрати домашните задолжувања од 4 на 2 месечно. Според најавите на премиерот Заев годинава не е предвидено задолжување на домашниот пазар, јавува агенцијата Макфакс.

Без коментари