Денеска облачно и сончев викенд со минусни утрински температури

0
277

Денеска времето ќе биде умерено до значително облачно, во западните делови со услови за слаб краткотраен дожд. По одделни котлини, особено на југоисток ќе има појава на магла и ниска облачност, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Денеска дневните температури ќе се движат од 11 до 18 Целзиусови степени: Маврово 11, Скопје 17, Охрид 13, Битола 15, Кавадарци 16, Гевгелија 18, Крива Паланка 14…

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен источен ветер. По одделни котлини, особено на југоисток ќе има појава на магла и ниска облачност, со дневни температури од 10 до 18 степени.

Од сабота до понеделник времето ќе биде сончево со мала облачност, по котлините магла и ниска облачност. Утринските температури ќе се движат од -4 до 7, а дневната од 12 до 17 степени.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY