Денеска облачно и врнежливо, од утре на планините снег

0
284

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно и ветровито, а на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд. На некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 17, Битола 19, Дојран 22, Берово 14…

Облачно со обилни врнежи од дожд ќе биде и утре, кога на повеќе места, особено на запад, се очекува да наврнат локално и над 60л/м2 воден талог. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70 км/ч).

Утре ќе почне да дува северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во четврток на планините на север и запад ќе има слаби врнежи од снег. Утре дневните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а во четврток и петок од 8 до 14 степени, прогнозира УХМР Македонија.