Денеска облачно, од утре снег на планините

0
334

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со локален слаб дожд и со појава на магла по котлините и по речните долини.

Mаксималните дневни температури ќе бидат во Скопје 10 Целзиусови степени, Маворово 9, Охрид 12, Битола 11, Кавадарци 13, Дојран 15, Берово 10, Крива Паланка 9…

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Околу пладне и попладне поради продор на постуден воздух од север ќе има повремени локални врнежи од снег на планините и на повисоките места, но со послаб интензитет. Ќе дува северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 12 степени.

Во вторник времето ќе биде доста студено со повремени локални врнежи од снег и на пониските места, особено на југоистокот од земјава. Ќе дува умерен северен ветер.

Дневните температури ќе опаднат и ќе бидат во интервал од 1 до 5 степени.

И во среда ќе биде студено, ама сончево со засилен северен ветер и дневни температури од -1 до 7 степени, прогнозира УХМР Македонија.