Денеска облачно, од утре сончево и потопло

0
301

Денеска времето во целата земја ќе биде променливо облачно со локален дожд претпладне, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат од 13 Целзиусови степени во Маврово, 15 во Крива Паланка, Берово 16, Охрид, Битола и Скопје 18, до 19 во Кавадарци и Дојран.

Од утре до среда следува период на стабилно, суво и потопло време со температури од 15 до 24 степени. Во среда кон крајот на денот под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и в четврток, проследени со северен ветер и опаѓање на температурата, прогнозира УХМР Македонија.