Денеска облачно, од утре сончево со температури до 30 степени

0
413

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 18, Битола 25, Кавадарци 28, Берово 25, Дојран 29, Охрид 24…

Од утре ќе настапи стабилизирање на времето со благ пораст на дневните температури.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност и дневни температури од 24 до 30 степени. Сончевото и топло време со максимални дневни температури до 31 степен ќе се задржи и в среда и четврток.

Без коментари

LEAVE A REPLY