Денеска облачно со дожд

0
160

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

2 Маврово, 3 Ѓуриште, 4 Лазарополе, Пожаране, Дебар, 5 Куманово, 6 Скопје, Крушево, Тополчани, Кр. Паланка, Тетово, 7 Берово, Виница, 8 Д. Капија, Прилеп, Штип, 9 Охрид, Претор, 10 Битола, 12 Струмица, Гевгелија, 13 Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.

1 Кр.Паланка, Виница, Ѓуриште, Берово, 2 Прилеп, Штип, 3 Скопје-Петровец, 4 Скопје-З.Рид, Струмица, 6 Тетово, Тополчани, 7 Битола, 9 Охрид, 10 Дебар, 12 Претор, Дојран, 16 Крушево, 19 Д. Капија, 22 Пожаране, 24 Лазарополе, 26 Гевгелија, 28 Маврово.

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Облачно со локални врнежи од дожд, кои во втората половина од ноќта, а особено во утринските часови се интензивираа и се проширија речиси насекаде. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота ќе има локален слаб дожд, а од недела и опаѓање на температурата.