Денеска ОБСЕ ќе помага за да почнат со работа работните групи

0
257

Денеска попладне треба да се одржи состанок на работната група составена од претставници на четирите најголеми партии во Македонија. Тема на разговорите треба да биде изборното законодавство, кадровскиот состав на ДИК, избирачките списоци.

Работните групи се дел од договорот од Пржино преку кои треба да почнат да се спроведуваат деталите на политичкиот договор од Пржино.

На состанокот се очекува да присуствуваат и експерти на ОБСЕ.

Пред два дена претставниците на политичките партии, членови на работната група, не успеаја да се состанат.