Денеска повторно нестабилно време со дожд и грмежи

0
168

Уште рано утринава слабо изразена нестабилност имаме во пошитокиот регион околу Охридското Езеро. Ноќта, конечно, беше малку посвежа и попријатна.

Денска повторно очекуваме нестабилно време, со услови за локален пороен дожд во попладневните часови. Повторно западниот регион ќе биде оној во кој врнежите ќе бидат позастапени.

Сепак, денешната атмосверска нестабилност и процесите врзани со неа ќе бидат значително послаби од вчерашните!

Температурата ќе биде умерено „висока“. Најтопло, но само до околу 35°С се очекува да биде во јужниот дел на повардарието. Посвежо, околу 30°С, ќе биде во југозападниот регион, а во котлините во северниот крај максималната нема да надмине 33°С.

http://meteopro.mk/