Денеска претежно сончево време

0
317

Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и свежо време со температури кои што и денес ќе останат под просекот за овој период од годината. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 30 степени. УВ индекс 7.

Утре по свежото утро со утрински температури од 5 до 14 степени, во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со дневни температури од 21 до 31 степени. Во четврток и петок утринските температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а во текот на денот сончево и потопло време со температури од 22 до 32 односно од 24 до 34 степени, ув индексот ќе има вредност 8. Сончево и топло време ќе преовладува и првиот ден од викендот со повисоки температури, утринските од 7 до 16 степени, а максималните дневни од 26 до 36 степени.

Без коментари