Денеска продолжение на конститутивната седница на Собранието, шесто по ред

0
313

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

За оваа точка од дневниот ред пријавени се уште 48 пратеници за дискусија, досега само тројца го искористија тоа право. Во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.

Од ВМРО-ДПМНЕ за членови се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од Беса. За претседател на Комисијата е предложен Илија Димовски.

Откако ќе се избере Комисијата, ќе се премине на наредната точка од дневниотред – избор на претседател на Собраниието.

Конститутивната седница почна лани, на 30 декември, кога беа утврдени мандатите на пратениците. Потоа беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом, а продолжи на 27 март.

mkd.mk