Денеска променливо облачно, со сончеви периоди

0
325

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во утринските часови во одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а попладне во планинските подрачја ќе има услови за слаб локален дожд.

Утринската температура се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Битола до 21 степен.