Денеска променливо облачно

0
488

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а се очекуваат и повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд, особено во планинските подрачја. Според синоптичарите, денеска времето ќе биде малку посвежо во споредба со претходните денови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна темепратура ќе достигне од 33 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 8.

Во недела и понеделник утринските температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно 38 степени.

Во вторник овие врнежи се однесуваат на северозападните, западните и југозападните предели, во останатите предели ќе биде претежно сончево и топло, со дневни температури од 26 до 36 степени.