Денеска променливо време

0
281

Спуштањето на облачната маса појужно низ земјава ова утро ја намали и веројатноста за појава на котлинската магла. Генерално облачно време преовладува во поголем дел од Македонија ова утро, а температурата има вредности претежно околу 9°С.

Облачната маса релативно бргу ќе се преместува денеска од запад кон исток, па ќе можеме да се надеваме повторно на повремени сончеви периоди, но пократкотрајни за разлика од вчерашните. Нешто помала олачност се очекува во доцна попладневните часови.

Максималната температура денеска ќе има вредности во дијапазонот од 19°С до 22°С низ котлините, и околу 17°С на повисоките места, објавува Метеопро.