Денеска протест на судската администрација

0
367

Вработените во судовите и јавната администрација од цела Македонија кои се членови на Синдикатот на работници во управата и правосудните органи точно напладне ќе го почнат големиот протест низ скопските улици.

Кон протестот им се приклучуваат и потписниците на „Повелбата за солидарност“, самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, мултиетничкиот синдикат на образование МЕСО, Синдикатот на културата на македонија, левичарското движење „Солидарност“ и движењето за социјална правда „ЛЕНКА“.

Протестот ќе почне пред зградата на Сојузот на синдикати, а потоа толпата ќе продолжи кон Собранието, министерствата за правда и информатичко општество. А, според најавите, протестот би требало да заврши пред Владата.