Денеска се асфалтираше во Новаци

0
295

Во должина од околу 19 километри денеска почна реконтрукцијата на регионалниот пат Клепач-Новаци, кој ги поврзува општините Могила и Новаци, инвестицијата е вредна 1,15 милиони евра.

Многу ми е мило што после еден месец денеска сме повторно тука за да започнеме она што го ветивме пред граѓаните. Започнуваме со рехабилитација на еден многу значаен патен правец во овој регион кој ќе биде од огромна корист за жителите од двете општини. Практично овој пат ги поврзува општините Могила и Новаци и минува низ неколку населени места..Се надевам дека со оваа инвестиција ќе го подобриме квалитетот на живот во овие општини бидејќи знаеме колку им значи овој пат на жителите, изјави Мисајловски.

При посетата на Новаци, Мисајловски истакна дека за потребите на битолско поле се обезбедени 300 тони нафта за чистење на коритото на река Црна за да се спречат евентуални поплави.

Лазар Котевски градоначалник истакна дека иако се рурална средина сепак многу посветуваат внимание на инфраструктурата потенцирајќи дека минатата година асфалтирале 40 км патишта а годинава околу 20 км.

 

Според динамиката на рехабилитација се планира овој пат да се заврши за 12 месеци.