Денеска се бориме против болестите на зависности

0
2671

Алкохол и млади, често дискутриана тема. Причините за посегнувањето по чашка алкохол, последиците од таа чашка алкохол и како да се избегнат проблемите што демнат. Не сте кул ако пиете алкохол, не сте главен ако пиете алкохол, не размислувате правилно ако пиете алкохол, не можете да возите ако пиете алкохол и секако немате иднина за добар и квалитетен здрвствен и социјален живот ако пиете алкохол. Ова се само неколку факти кои младиот човек или не ги гледа или не сака да ги види.

vesna milan 27

Милан Мишковиќ од ХЕПАР Ценатрот вели дека нивните анализи покажуваат дека често средношколците се тие кои посегнуваат по чашка алкохол.

Иако можеби оваа целна група често е таргет на советување и анимирање преку медиуми, трибини, наставници и слично, сепак првиот контакт младите со алкохол го имаат во домовите од нивните родители, роднини или пријатели на семејството.

Како земја каде дома се подготвува вино и ракија, да тоа влијае на младите да посегнат по алкохол, додава Мишковиќ.

Денешниот ден е посветен на борбата против болестите на зависности, токму заради тоа ХЕПАР Ценатрот од Битола ги одбра средношколците од Гимназијата Јосип Броз Тито за една интерактивна дискусија за алкохолот и младите.

Повеќе од 60 болести предизвикува конзумирањето на алкохол, а најчеса е цирозата, додаваат од ХЕПАР Центарот.

Мишковиќ дополнува дека сакаат да ги видат и утврдат причините за посегнување по алкохолотна младите, а при тоа и да ги информираат за последиците односно болестите кои произлегуваат како резултат на овој порок.