Денеска се одбележува Денот на планетата Земја

0
403

Во над 150 земји во светот, денеска се одбележува Денот на планетата Земја со цел зголемување на свеста на луѓето за загрозеноста на животната средина. Денот на Земјата е востановен во 1970 година во САД, а во целиот свет се одбележува од 1992 година кога на Конференцијата на ОН за животната средина во Рио де Жанеиро е формирана Програма за промоција на одржлив развој. Експертите предупредуваат дека човекот со своето дејствување доведе до драматично загадување на животната средина.