Денеска се осветуваат темелите за крстот, Бутел под силно полициско обезбедување

0
560

Низ скопски Бутел утрово може да се забележи големо полициско присуство. Специјални полициски сили се распоредени и ги надгледуваат крстосниците, особено оние што се поврзани со улиците „Боца Иванова“ и „Александар Урдаревски“, каде што на микролокација до кружницата кон градските гробишта денеска од 11 часот е закажано осветување на темелите на најавениот метален крст.

Крстот во Бутел ќе биде реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте апостоли.

Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес (СМК) на 18 февруари 2016 година до Советот и градоначалникот на Општина Бутел. Советот ја донесе одлуката на 23 февруари, а градоначалникот го издал одобрението за градба на 25 февруари.

Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на МПЦ  г.г. Стефан, со свештеници од Скопската епархија.

 Најавата за поставување на крстот наиде на негодување кај општинските советници на ДУИ. Иницијативата ја окарактеризираа како незаконска и ризична, сметаат ова е отворена провокација кон неправославните граѓани на Бутел, па побараа од општината да ја преиспита оваа одлука.
www.mkd.mk