Денеска СЈО со нов „Т“ случај – „Трезор“

0
326

Специјалното јавно обвинителство денеска во 10 часот ќе одржи конференција за медиуми на која ќе ги соопшти резултатите од новата истрага насловена како „Трезор”.

Засега нема никакви официјални информации за детали за предметот, ниту пак за тоа дали овој случај се однесува на некои од досега објавените прислушувани телефонски разговори или од необјавените.

На последната конференција за медиуми  кога беа покренати и првите две обвиненија, од СЈО соопштија дека се водат неколку предистражни постапки кои произлегле од необјавените прислушувани разговори.

Досега се познати истрагите за случаите „Титаник“, „Транспортер“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Тортура“, во кои осомничени се високи партиски фунционери на ВМРО-ДПМНЕ и на Министерството за внатрешни работи.

Пред десетина дена СЈО поднесе два обвинителни предлога до Кривичниот суд, за предмети работени по скратена постапка, бидејќи СЈО смета дека има доволно докази за да се изготви обвинение. Во првиот предмет обвинети се седум лица за уништување документи во МВР, со цел да се прикрие незаконското прислушување, а во вториот предмет обвинети се 14 лица за протестите пред oпштина Центар во 2013 година.

Новата истрага е  шести „Т“  предмет што го отвора СЈО, од февруари годинава.

Без коментари

LEAVE A REPLY