Денеска со дожд

0
468

Претпладне се очекува започнување на врнежите, прво во западниот регион, за околу пладне тие да се рашират и во делови од источниот крај, пред се на североисток.

Приквечер се очекува врнежите да се преместуваат кон југоисточниот крај, иако сосема слаби врнежи се можни и во остатокот од земјава.

Минималната температура насекаде ќе има вредност над 0°С.

Највисоката дневна температура ќе има вредности помеѓу 10°С и 12°С во западните и северните предели, а на југоисток околу 13°С.