Денеска сончево и топло време

0
212

Неделново утро беше сончево во најголем дел од земјава. Слаба магла која бргу ќе се расчисти претпладнево беше забележана во поречкиот, демирхисарскиот и демиркапискиот регион.
Денот ќе продолжи во сончево и пријатно време со сосема слаб ветер, претежно од северен правец.

Дневната максимална температура во повардарскиот крај и котлините во источниот крај ќе биде во границите од 18°С до 21°С, околу 17°С во југозападниот регион.