Денеска сончево, од сабота наоблачување

0
1937

Во утринските часови во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 17 до 25 степени.

Во сабота попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец што ќе предизвика опаѓање на дневните температури во недела така што тогаш се очекува да бидат во интервал од 12 до 19 степени.