Денеска сончево, температурата до 14°С

0
302

Сончево со умерена облачност во попладневите часови.

Пред нас е натпросечно топол јануарски ден со максимална температура од 10  до 12 степени Целзиусови низ котлините и на повисоките места. Поширокото гевгелиско – дојранско подрачје максимална температура до 18 степени.

Трендот на суво и топло време ќе продолжи и во наредниот период. Нешто потопло се очекува да биде во понеделник и вторник, кога нема да биде исклучена можноста температурата локално, во југоисточниот крај да малку да ја надмине „границата“ од 20 степени.