Денеска сончево, утре можен дожд

0
490

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Во попладневните часови ќе настане умерена облачност, а кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во северните делови на земјата, ќе се создадат услови за краткотраен дожд и за грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 Цезиусови степени, а дневната од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Од утре се очекува поизразена нестабилност, а на повеќе места во земјата се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.