Денеска сончево, утре со дожд

0
530

Во текот на денот ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, во источните делови променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален слаб дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Во четврток попладне се очекуваат повеќе врнежи од дожд, а повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Без коментари

LEAVE A REPLY