Денеска средба Иванов-Туск за политичката криза и за бегалците

0
315

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска во Скопје ќе се сретне со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, со кого ќе разговараат за политичката криза во Македонија по изборите од 11 декември и заканата од илегалната миграција.

Туск во Скопје ќе има средба само со Иванов во неговиот кабинет. Во 14 часот е закажана средбата на Иванов и на Туск, а половина час подоцна ќе се одржи и пленарниот состанок на двете делегации. Во 15 часот предвидено е двајцата да дадат изјави за медиуми.

За време на балканската турнеја, неформалниот претседател на ЕУ, утрово ќе биде во Словенија, а потоа ќе има средби и со бугарскиот претседател Румен Радев, а задутре ќе бидеи во Грција на средби со претседателот Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.

http://www.mkd.mk