Денеска, средба на работните групи за прочистување на избирачкиот список

0
423

Работните групи денеска попладне со посредништво на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте ги продолжуваат разговорите за прочистување на избирачкиот список.

До почнувањето на средбата, партиите ќе треба да ги достават своите мислења и коментари за методологиите изработени од Државната изборна комисија.

И на вчерашната средба, работните групи разговараа за прочистувањето на избирачкиот список, а олеснувачот Ванхауте рече дека атмосферата меѓу преговарачите била тензична.

Пред почетокот на вчерашната средба, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, на претставниците на политичките партии во работните групи им подели писмена изјава, во која вели дека темелно прочистување на избирачкиот список не е можно до 24 април, како и дека ДИК сè уште не е доволно екипирана.

Во меѓувреме, ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение објави дека ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на Избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила.