Денеска температурата во Битола до 37 степени

0
999

Денеска нашето подрачје сеуште ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса и времето ќе биде многу топло со натпросечни температури на воздухот. Максималните температури вдолж Повардарието и во јужните делови ќе го надминуваат 40-тиот степен. Во Битола до 37 степени.

УВ-индексот ќе биде со вредност 9.

В недела од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна и појава на невреме. В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд.  Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и вторник засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од вторник ќе има стабилизрање на времето, температурата ќе биде во благо покачување.