Денеска температури до 33, во Битола до 30 степени

0
346

Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста која ќе услови умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 24 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во вторник умерено облачно со повремени и кратки сончеви периоди и топло. Попладне во североисточните и источните предели со услови за локален дожд. Максималните температури од 23 до 32 степени. Во среда и четврток сончево со пад на максималните температурите. Во среда утринските од 6 до 14 степени а максималните од 14 до 22 степени, додека пак четврток утринските температури од 0 до 9 степени, а максималните дневни до 13 односно до 22 степени.