Денеска топло, утре и задутре потопло

0
964

Денеска времето ќе биде сончево и топло со максимални температури до 33 степени, а утре и задутре се очекуваат уште повисоки дневни температури.

Во Скопје денеска дневната температура ќе биде 32 степени, во Тетово и Гостивар 31, Куманово, Штип и Велес 32, Крива Паланка 28, Струмица и Дојран 31, Гевгелија 33,  Радовиш 31, Берово 28, Битола 30, Охрид 28, Прилеп 29, Кавадарци 32, Маврово 23, Дебар 31, Крушево 25…

Утре дневните температури ќе се движат од 30 до 35 степени, во петок од 30 до 36 и во сабота ќе настапи мало наоблачување со температури од 28 до 34 Целзиусови степени.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY