Денеска цел ден врнежливо, од утре разведрување и потопло

0
719

Утрово е дождливо во целата земја. Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а наместа ќе наврнат и до 30 литри на квадратен метар. Максималните дневни температури ќе достигнат до 22 степени.

Денеска дневните температури во Скопје ќе бидат 20 Целзиусови степени, Тетово 19, Гостивар 18, Маврово 14, Куманово 19, Велес и Штип 20, Виница 21, Крива Паланка 19, Дојран 22, Берово 15, Струмица 20, Гевгелија 22, Охрид 19, Претор 17, Крушево 16, Прилеп 18, Битола 19…

Утре и за време на викендот временските прилики ќе се стабилизираат, облачноста ќе се намали и ќе имаме повисоки дневни температури.

Без коментари

LEAVE A REPLY