Денеска целосно помрачување на Сонцето

0
327

Прв пат по 99 години, денеска на територијата на Соединетите држави ќе биде видливо целосно помрачување на Сонцето, соопшти американската вселенска агенција НАСА. Целосното помрачување на Сонцето се случува на секои 12 до 18 месеци некаде во светот. Повеќето од помрачувањата не се видливи за населението, бидејќи се случуваат над некој океан, бидејќи Земјата претежно е покриена со вода. Новинските агенции наведуваат дека 12 милиони американци живеат на подрачјето во кое ќе биде видлив овој астрономски феномен.

www.slobodnaevropa.mk

Без коментари