Денеска влез во Грција само за пешаци

0
458

Поради штрајк на грчките царински служби, сообраќајот е во прекин за секаков вид на преминување на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција, освен за пешаци. Прекинот на сообраќајот е најавен по следниот распоред:

ГП Богородица од 06:00 часот на 19.10.2017 до 06:00 часот на 20.10.2017
ГП Меџитлија од 06:30 часот на 19.10.2017 до 06:30 часот на 20.10.2017
ГП С.Дојран од 05:00 до 23:00 часот на 19.10.2017.