Денеска врнежливо и посвежо време

0
199

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и со појава на град.

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен на север и по должината на  Повардарието. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 19 до 27 степени.

Според прогнозите на УХМР, и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер. Најобилни врнежи се очекуваат на југот на земјава. Можна е и појава на невреме со град и со засилен ветер, а ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, што ќе предизвика намалување на дневната температура за 5 до 7 степени.