Денеска врнежливо, од утре постудено

0
485
18.2.2010 Polokwane, JAR. Samotno drevo ob prihajajoci nevihti.FOTO:JURE ERZEN/Delo

Во Македонија времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Наместа се очекува да наврнат и над 25 л/м2. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 12 до 20 Целзиусови степени.

Од денес вечер и утре поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег. Утре ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен, а во петок од северозападен правец. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата, прогнозира УХМР Македонија.