Денеска закажани и Анкетната комисија за аудио снимките и расправа за медиумите

0
274

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска ќе одржи продолжение на седницата, во нов обид да го договори деловникот за работа. Денеска треба да се одржи и средба на работната група за спроведување на договорот од Пржино на тема – медиуми.

Денеска ќе се одржи четвртото продолжение на собраниската Анкетна комисија за прислушувањето. Претседателот на комисијата Петре Шилегов во петокот побара уште една координација.

Во расправата за деловникот спорни прашања се дали комисијата може да почне да работи без присуство на мнозинството членови, околу сведоците на седниците и колку пати еден сведок или експерт може да се појави на седница и дали гласот на претседателот на комисијата во ситуација на изедначена гласови да се брои два пати.

Откако викендов беше објавен предлогот на СДСМ во однос на решавањето на прашањата околу медиумите, денеска треба да се одржи состанок на работната група во Клубот на пратениците во Скопје. Реакциите на овие предлози на СДСМ тешко е дека ќе можат да ги помрднат работите околу консензусот за решавањето на проблемите со медиумите.

Без коментари

LEAVE A REPLY