Денеска заладување на времето

0
380

Преку ноќта и изутринава беше променливо облачно, а во северната половина на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Штип брзината на ветерот достигнуваше до 50км/ч.

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Во попладневните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. УВ=7. Минималната температура во Битола 18 степени.

Максималната температура во земјава ќе достигне од 22 до 28 степени.

 

 

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.