Денеска започнува предсветскиот параглајдер куп во Крушево

0
875
Крушево од денеска до 23-ти август ќе биде домаќин на Предсветскиот куп во параглајдерство во дисциплината прелети – крос кантри. Ова е еден од најголемите досега одржани вакви натпревари во Република Македонија во овој се поатрактивен спорт кој последниве години на државава и донесе големи резултатски успеси валоризирани низ ранг листите на Светската Воздухопловна федерација ФАИ. Фактот дека Крушево е отценето како едно од местата на Балканот каде има најидеални услови за овој спорт односно потребната „термика” за летање, надополнети со неговите убавини се причините овој наш туристички бисер повторно да биде домаќин на еден вака престижен натпревар од највисока категорија. Учество ќе земат над 150 параглајдеристи од 14 земји и тоа Македонија, Украина, Бугарија, Русија, Србија, Италија, Полска, Финска, Молдавија, Белорусија, Израел, Чешка, Иран и Унгарија. Меѓу нив е и еден од најдобрите светски параглајдеристи во оваа дисциплина и минатогодишен победник бугаринот Јасен Савов. Резултатите на натпрев