Денеска ждребување за редоследот на избирачките листи, од понеделник кампања

0
347

Во Државната изборна комисија денеска ќе се изврши ждребување за редоследот на избирачките листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември

На избирачките ливчиња ќе стојат кандидатите на коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата Алијанса за Албанците составена од Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Во понеделник на 21 ноември почнува дваесетдневната изборна кампања која ќе заврши на 9 декември.

Вчера партиите најавија која од каде ќе ги почнат митинзите и средби со граѓаните – ВМРО-ДПМНЕ кампањата ќе ја започне традиционално во Охрид, СДСМ и коалициските партии во Прилеп, ДУИ во Липково…

Без коментари

LEAVE A REPLY