Денот на Европа

0
299

Седумдесет и една година од завршувањето на Втората светска војна и 66 години од покренувањето на иницијативата за создавање на Европската унија – денеска се одбележува Денот на Европа. Својот ден, унијата го дочекува соочена со бројни кризи, како никогаш досега.

Се пожестоки и почести, кризите во земјите членки се таложат како спротивставени ставови за заедничките проблеми. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека австриската контрола на границата со Италија, со цел да се сопре приливот на мигранти би била политичка катастрофа за Европа. Само неколку дена претхпдно изјави дека на ЕУ и недостасува заедничка европска визија

„Идејата за една европско семејство, една визија беше илузија“, истакна Јункер

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и порача на ЕУ нема да ги промени своите антитерористички закони за безвизен режим, кои ги нуди Брисел. “Жал ми е, ние ќе одиме по својот пат, а вие одете по својот“, истакна Ердоган.

Распад се заканува и во рамките на Унијата. Во Велика Британија е во тек кампања воочи референдумот на 23 јуни, за тоа дали земјата ќе остане или ќе излезе од ЕУ. На сето ова треба да се додаде и мигрантската, економската и кризата во Украина, кои се уште чекаат решение.